|
1. ОПШТИ ОДРЕДБИ
Член 1
Со овој статут се утврдуваат основните начела на
организирањето, името, седиштето и дејностите на
Здружението “РАДКО“ - Охрид, програмските цели и
активности, права, должности и одговорности на членовите,
правниот статус, печат, штембил и знак, како и изворот
на материјалните средства неопходни за работа, остварување
на јавност на работата, опредулување на услови за
основање на организациони единици, услови и начин на
пристапување и исклучување од Здружението, претставување
и застапување во правниот промет спрема трети лица,
престанок на Здружението и други прашања утврдени со
закон.
Член 2
Здружението е основано со одлука на Основачкиот Собир
одржан на 24.05.2000 година.
Член З
Името на здружението е: Здружение на граѓани “РАДКО“ (во
понатамошниот текст “РАДКО“).
Здружението е самостојна, непартиска и општествена
организација, која се занимава со изучување и афирмација
на Македонското ослободително движење преку
општоприфатени демократски стандарди и принципи.
Член 4
Официјалните симболи на Здружението “РАДКО“ се неговиот
грб - печат, знаме и химна.
Грбот е стилизирана фигура на исправен лав со двокрака
опашка и круна на главата, кој е свртен од десно кон
лево.
Печатот е со кружна форма, во кој е втиснат амблемот на
здружението со впишан текст “Здружение на граѓани
“РАДКО“.
Знамето е со димензии 2:1, а го сочинуваат две
хоризонтални ленти од кои горната е црвена, а долната
црна.
Химната е Маршот на македонските револуционери - "Изгреј
зоро на слободата"
Член 5
Здружението “РАДКО“ ќе се запише во Регистерот што го
води Основниот суд во Охрид како граѓанско правно лице.
Член 6
Седиштето на здружението “РАДКО“ е во Охрид, ул. "Галичица"
број 47-2/4.
2. ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ НА ЗДРУЖЕНИЕТО
Член 7
Здружението ги има следните цели и задачи:
- ќе се залага за издигнување и афирмација на
македонскиот културен простор;
- ќе се залага за воспоставување на традиционалните
морални и човечки доблести;
- ќе се залага за афирмација на целите, задачите и
идеите на Македонското ослободително движење преку
издавање на сопствен весник, книгоиздателска дејност,
библиотека, преку сопствени електронски медиуми,
семинари, конференции, трибини и други форма на културно
дејствување.
Член 8
Здружението “РАДКО“ своите цели и задачи ги остварува
преку:
- индивидуално и колективно дејствување на членовите,
органите и телата на Здружението;
- соработка на Здружението со сооодвтни здруженија и
структури од земјата и странство.
З. ЧЛЕНУВАЊЕ ВО ЗДРУЖЕНИЕТО
Член 9
Пристапувањето во Здружението е добртоволно и лично
право на секој граѓанин кој ги прифаќа неговите
програмски определби.
Член 10
Член на Здружението може да биде секој државјанин на
Република Македонија, како и државјанин на странска
држава, кој има навршено 18 години, со потпишување на
пристапница кон Здружението.
Формата и изгледот на пристапницата ја утврдува
Извршниот комитет на Здружението со посебна Одлука.
Член 11
Членот на Здружението ги имо следните право, обврски и
задолженија:
- активно да учествува во остварувањето на целите,
задачите и документите на Здружението “РАДКО“, како и
активностите кои од нив произлегуваат;
- да учествува во утврдувањето и спроведувањето на
активностите на сите нивоа на организирање, преку
иницирање, подготовка и реализација на проекти во насока
на целите, задачите и програмата на Здружението;
- да избира и да биде избиран во телата и органите на
Здружението;
- редовно да биде информиран за активностите на
Здружението;
- за својата работа одговара пред соодветните органи и
тела на Здружението.
Член 12
Престанувањето на членство во Здружението може да
настане врз основа на:
- сопствена определба за истапување на членовите;
- однесување кое го нарушува угледот на Здружението;
- учество во активности спротивни на Деловникот и
Програмата за работа на Здружението.
4. ОРГАНИ НА ЗДРУЖЕНИЕТО
Член 13
Органи на Здружението на граѓани се:
- собрание;
- извршен комитет;
- месен комитет и
- пртседател.
4/А. СОБРАНИЕ
Член 14
Собранието на Здружението е највисоко тело кое го
сочинуваат сите членови на здружението.
Член 15
Собранието на Здружението:
- донесува Статут и други општи акти;
- ја усвојува завршната сметка;
- го донесува финансискиот план за развој;
- одлучува за промена на целта на Здружението;
- одлучува за основање и укинување на ограноци и други
облици на организирање на Здружението;
- одлучува за статусни промена;
- констатира прием на нови членови и престанок на
членување;
- избира органи на Здружението;
- одлучува за престанок на Здружението со двотретинско
мнозинство;
- одлучува и за други прашања кои не се во надлежност на
други тела на Здружението и
- врши други работи во согласност на општите акти.
Член 16
Седниците на Собранието ги свикува Претседателот на
Здружението.
Седниците се свикуваат по предлог на Извршниот комитет
или една 1/5 од вкупниот број на членови на Здружението.
Собранието може да работи ако на него присуствуваат повеќе
од половината од вкупниот број на членови.
Одлуката на Собранието е полноважна ако е донесена со
мнозинство на гласови од присутните членови на
Собранието.
Член 17
За работата на Собранието се води записник, кој го
потпишува Претседателот на Здружението и записничарот.
4/Б. ИЗВРШЕН КОМИТЕТ
Член 18
Собранието избира извршен орган - Извршен комитет, во кој
мнозинството од членовите се државјани на Република
Македонија.
Извршниот комитет го сочинуваат седум членови.
Претседателот на Извршниот комитет е Претседателот на
Здружението.
Извршен комитет:
- ги подготвува седниците на Собранието;
- го подготвува нацртот на Статутот, заклучоците и
одлуките донесени од Собранието;
- управува и одговара за управувањето со имотот на
Здружението;
- подготвува годишни, или периодични извештаи за својата
работа;
- врши и други работа.
4/В. МЕСЕН КОМИТЕТ
Член 19
Основен облик на територијално организирање на
Здружението е Месниот комитет.
Месниот комитет дејствува врз остварувањето на целите и
задачите на територијата која ја опфаќа.
Месниот комитет се основа со одлука на Извршниот
комитет.
Член 20
Месниот комитет ги има следните органи и тела:
- собрание;
- извршен совет;
- пртседател.
Начинот на работа на Меснаот комитет се утврдува со
унифициран деловник за работа на Меснаот комитет.
4/Г. ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЗДРУЖЕНИЕТО
Член 21
Собранието избира Претседател на Здружението, по предлог
на најмалку пет членови.
Претседателот на Здружението е и Претседател на
Извршниот комитет. Мандатот на претседателот трае четири
години.
Член 22
Претседателот на Здружението се избира од редот на
членовите, со тајно гласање.
За избран се смета оној кандидат за Претседател на
Здружението, што добил мнозинство гласови од присутните
членови на Собранието.
Член 23
Во случај ниту еден од кандидатите да не го добие
потребното мнозинство гласови во првиот круг на гласање,
во вториот круг одат првите два кандидати кои имаат најголем
број на гласови.
За избран се смета оној кандидат за претседател кој во
вториот круг добил мнозинство гласови од присутните
членови на Собранието.
Член 24
Претседателот ги има следните права, должности и
одговорности:
- ги свикува и претседава со седниците на Собранието и
Извршниот комитет, на начин предвиден со Деловник;
- го предлага составот на Извршниот комитет;
- предлага програма за работа на Здружението;
- ги потпишува актите што ги донесува Собранието и
Извршниот комитет;
- го претставува и застапува здружението, согласно
овластувањата утврдени со Деловникот;
- остварува и други права, должности и одговорности, што
ќе му ги доверат Собранието и Извршниот комитет.
5. ФИНАНСИРАЊЕ
Член 25
Здружението финансиски средства обезбедува од:
- членарина;
- спонзори и донатори;
- приходи од сопствени дејности;
- други приходи.
6. ПРЕСТАВУВАЊЕ И ЗАСТАПУВАЊЕ НА ЗДРУЖЕНИЕТО
Член 26
Здруженето го претставува Претседателот, односно лице
кое тој ќе го овласти, од редот на членовите, во
согласност со Деловникот.
Претседателот го претставува и застапува Здружението во
земјата и во странство.
7. ЈАВНОСТ ВО РАБОТАТА
Член 27
Јавноста во работата на Здружението се обезбедува преку:
- Присуство на неговите членови и други заинтересирани
лица на седниците на органите и нивните работни тела;
- Достапност на извештаите и други материјали од
работата на Здружението до сите членови и другите
заинтересирани лица и нивно доставување до јавноста
преку средствата за информирање;
- Издавање на билтени, весници, информатори и други
публикации;
- Организирање на конференции за средствата за
информирање;
- Непосредно настапување на овластените претставници на
здружението пред средтвата за јавно информирање;
- Други начини кои овозможуваат навремено и вистинито
известување на јавноста за работата на Здружението.
8. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 28
Постапката за измена и дополнување на Статутот е иста
како и за донесување на нов Статут
Член 29
Овој Статут влегува во сила со неговото донесување.
Охрид, 24.05.2000 г. |