|
РЕШЕНИЕ ЗА РЕГИСТРАЦИЈА НА ЗДРУЖЕНИЕТО
ОД ОСНОВНИОТ СУД ВО ОХРИД |
|
ОСНОВНИОТ СУД ОХРИД, како вонпроцесен
првостепен суд, составен од претседателот на судот Љубин
Алексиески, како судија поединец, со записничарот
Слободанка Спасеска, постапувајќи по барањето на
предлагачот: Здружението на граѓани „Радко" - Охрид, за
упис во Регистарот на здруженија на граѓани и фондации
на ден 19.06.2000 година, го донесе следното: |
|
Барањето на предлагачот СЕ УСВОЈУВА.
Во Регистарот на здруженија на граѓани и фондации под
Рег.Згф.Бр. 18/2000 се запишува Здружението на граѓани
под име: Здружение на граѓани „Радко" - Охрид.
Здружението на граѓани има за цел: издигнување и
афирмација на македонскиот културен простор,
воспоставување на традиционалните морални и човечки
доблести, афирмација на македонското ослободително движење,
преку издавање на сопствен весник, издавачка дејност,
семинари, конференции, трибини и други културни форми на
дејствие.
Седиштето на здружението е на ул.,,Галичица" бр. 47-2/4
во Охрид, каде и дејствува.
Овластено лице за застапување на здружението е Владимир
Паунковски. |
|
Предлагачот до Основниот суд Охрид,
достави барање за запишување на Здружението на граѓани
во Регистерот на здруженија на граѓани и фондации. Во
прилог достави: акт за основање, Програма за дејствување,
Статут и Овластување за застапување. По извршениот увид
во приложените исправи судот утврди дека здружението ги
има доставено предвидените акти од член 44 став 2 од
Законот за здруженија на граѓани и фондации.
При ваква утврдена состојба согласно одредбите од член
45 од Законот за здруженија на граѓани и фондации
следуваше да се одлучи како во изреката на Решениево. |
|
ОД ОСНОВНИОТ СУД ОХРИД
на ден 19.06.2000 год. |
|
ЗАПИСНИЧАР
Слободанка Спасеска, с.р. |
ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СУДОТ
Љубин Алексиески, с.р |
|
|
|