|
Здружението "РАДКО" e конституирано на Основачкото
собрание одржано во Охрид, на ден 24-ти Мај 2000 година,
во согласност со Уставот и Законот на Република Македонија,
како непрофитна, невладина и неполитическа организација,
заради заштита и реализација на културни и образовни
права, интереси и уверувања. Тоа е записано во
Регистарот на здруженија на граѓани и фондации под број
18/2000, на ден 19-ти Јуни 2000 г., со Решение на
Основниот Суд - Охрид.
ИМЕ НА ЗДРУЖЕНИЕТО
Здружението "РАДКО" има сопствена предисторија.
Првоначелно на ден 22-ри Јануари 2000 г., на Првото
Основачко Собрание присутните лица решија името на
Здружението да е ВМРО-Иван Михаилов. Потребната
документација за запишуване на Здружението беше
предадена при Основниот Суд - Охрид, на ден 26-ти Јануари
2000 г.
Со допис Основниот Суд - Охрид не информира дека за
ползуване на името ВМРО и на изразот Иван Михаилов како
додаток, потребно е одобрение од Министерството за
правда на Република Македонија, согласно Чл.11 од
Законот за здруженија на граѓани и фондации.
Министерството за правда на РМ, а потоа и Комисијата за
решавање на Уставни работи во втор степен при Владата на
РМ не ни го одобрија ползуването на името ВМРО и на
изразот Иван Михаилов како додаток, со образложение дека
неодобруването е дискреционо право на Министерот за
правда на РМ.
При таква ново настаната ситуација, раководството на
Здружението свика Второ Основачко Собрание на ден 24-ти
Мај 2000 г. Тогаш, основателите го прифатија за име на
здружението најчесто ползуваниот псевдоним на Иван
Михаилов,"РАДКО".
Секако, интересно е прашането:
Зошто основателите на здружението настојуваја за негово
име да биде употребен изразот Иван Михаилов, односно
неговиот псевдоним, "РАДКО"?
Одговорот е следниот:
Иван Михаилов - Радко, неговото име, неговиот живот,
неговата револуционерна дејност и, посебно, неговата
културна и публицистичка актива се непремено вткаени во
историјата на Македонија. Величен, но и одрекуван од
своите идејни противници, тој стана и остана легенда за
своите содејници, между кои се и членовите на
Здружението. И покрај тоа што неговото дело допрва ке се
оценува, неоспорен е фактот дека под негово раководство
Македонското освободително движение прерасна во
грандиозен пример за слободољубието на човешкиот дух. Со
тоа остави завештание на поколенијата да го довршат
светото освободително дело.
Иван Михаилов - Радко, најдолго стоеше на чело на
движението (1925 - 1990), опстојувајки и дејствувајки
како морален и интелектуален столб на револуционерната и
културна борба на Болгарите од Македонија. Имено, тоа ни
позволува да констатираме дека неговите публикации се
најавтентичното и најавторитетното свидетелство за идејната
содржина на Македонското освободително движение. Заради
својата фактографска заснованост тие остануваат
историски источник од неспорен научен формат. Затоа што
неговата писмена оставнина на денешните и идните
поколенија им ги приопштува најсигурните доказателства
за револуционерната и културната борба на Болгарите од
Македонија. Секако, најзначајни се неговите четиртомни
"Спомени" публикувани во периодот 1962- 1975 г., коишто
претставуваат национален капитал со непоминлива стојност
во поновата историја на Македонија .
Останатите поважни публикации на Иван Михаилов се:
- Quo Vadis Bulgaria, 1936 год.
- По трнливиjат пат на Македонското освободително дело,
1939 год.
- ВМРО, 1943 год.
- Сталин и Македонскиjат вопрос, 1947 год.
- Македониjа - Швеjцариjа нa Балканите, 1953 год.
- Неуравновесениот Кр'сте Мисирков, 1967 год.
- Как пишеха нашите будители и герои, 1972 год.
- Нашата 1903 година, 1973 год.
ЦЕЛИ НА ЗДРУЖЕНИЕТО
За да се разберат целите на здружението потребно е да се
објасни политическата доктрина "Македонизам".
Македонија е објект на велико-српска завоевателна
политика уште од средината на 19-ти век. Таа политика се
зародува во управителните среди на Српското кнежество,
кога борбата на Болгарите во Мизија, Тракија и Македонија
за политичко освободуване станува сериозна опасност за
хегемонистичките стремежи на српската држава. Програмата
на премиерот на Кнежеството Србија од 1844 г. Илија
Гарашанин под име "Начертание", е првата политичка
платформа во која се изразува открити стремежи и
претенции на Србија по отношение на Македонија. Во оваа
програма Македонија се третира како част од "Стара
Србиja", односно "Jужна Србиja", a Болгарите од
Македониja сe третираат како "jужносрбиjaнци". Бидејки
идејата за директно третиране на Болгарите од Македонија
како "jужносрбиjaнци" немаше никаква основа и подлога,
имено Болгарите од Македонија чрез своите возрожденци:
Паисиј Хилендарски, Јоаким Крчовски, Кирил Пејчинов,
Теодосиј Синаитски, Неофит Рилски, Братјата Миладинови,
Јордан Хаджи-Константинов Джинот, Партение Зографски, Рајко
Жинзифов, Григор Прличев, Кузман Шапкарев и многу други,
високо го издигнаја Болгарскиот дух во Македонија, како
лjулка на Болгарштината, Србите смислија една преодна
форма. Суштината на оваа преодна форма е да им се "докажит"
на Болгарите од Македонија дека се различни од Болгарите
од Мизија и Тракија. Од тие причини требаше Болгарите од
Македонија да се третираат како еден засебен етнос -
"Македонци". Така што кога ке се постави равенство помеѓу
Србите и Болгарите од Мизија и Тракија, лесно би било
Болгарите од Македонија да станат Срби. Таа нова
стратегија по отношение на Болгарите од Македонија е
позната под терминот "Македонизам", а ја лансира
српскиот учен и политик Стојан Новакович. На
македонската почва оваа идеја е неуспешна, се до нејзиното
присилно спроведуване после Втората Световна Војна.
Тука веднаш треба да се истакне и влијанието на
Коминтерната. Во почетокот на 30-те години од 20 век во
комунистичкото движение пораснува идејата за смена на
лозунгот за "Балканска Федерациja", како начин за
уредуване на Балканите, и земане на еден нов лозунг, а
това е правато на самоопределение до отцепление. Тогаш,
српските комунисти и Коминтерната започнуваат пропаганда
за признаване на Болгарите од Македонија како една
засебна национална индивидуалност, што доведе това и
формално да се направи во 1934 година. Со прогласуването
на "Македонската Нација" болшевиките јасно ги поставија
своите цели, имено излез на Средоземно море. Ваквата
болшевичка политика всушност значеше продолжуване на
политиката која ја водеше Царска Русија. Најблискиот пат
кој води кон Средоземно море поминвит низ територијата
каде што живеат Болгарите. Болшевиките добро знаеа дека
Болгарите многу држат за својата свобода и самостојателност.
Ако Болгарите можеа да водат борба против Царската Руска
политика, иако Царска Русија им подари освободуване од
петовековното Османско ропство, колку повеке Болгарите
ке држат за својата свобода и самостојателност по
отношение на болшевизмот, кога тој ништо не дал на
болгарштината. Ете зошто болшевиките се замислиле како
поефикасно да ја намалат силата на Болгарите и нивниот
етнички дух. Опитот за раскол между Болгарите, чрез
прогласуване за засебна национална индивидуалност на
Болгарите од Македонија, е можеби најкрупното
престапление од средствата, кое болшевичката централа го
лансирала за време на своето суштествуване.
Така, " Македонизмот " стана и комунистичка доктрина.
Значи, се обединија србската државна доктрина и
комунистическата доктрина. Од тие причини, процесот на
деболгаризација на Македонија, насилно спроведен после
Втората Световна Војна претставува за Болгарите од
Македонија србо-комунистическо робство.
За сожаление, таквата србо-комунистическа доктрина и
после осамостојуването на РМ продолжува да биде официјална
доктрина во државата. Дури и поранешниот председател на
РМ Г-нот Киро Глигоров се пофали дека процесот на
деболгаризација на Македонија е завршен, и дека е
безмислено да се зборува за потеклото на славјанското
население од Македонија. Просто речено, тој не
советуваше да го заборавиме нашето болгарско етническо
потекло и да се обрнеме кон иднината.
Имајки го во предвид предходно казаното, основателите на
здружението си поставија три основни цели, кои ја
претставуваат програмата на здружението.
Првата цел e:
Издигнуване и афирмација на македонското културно
пространство, со приоритет на културно-историскиот
идентитет на славјанското население од Македонија,
коешто през вековите ја пројавувало својата болгарска
етническа принадлежност.
Втората цел e:
Воспоставуване на традиционите етични и човешки
ценности.
Која е таа првоценност, која е во основата на сите
ценности? Това е свободата! Самиот човек е свобода, таа
е неговата суштина. Затоа тој може да се спротистави на
нештата, да ги одрекува или да ги владее. Таа негова
надмош му дава возможност нив да ги познава, да ги
оценува и да ги използува. Свободата е во основата на
сите човешки ценности: смислот на животот, достоинството
и справедливоста. Затоа што таа го открива диапазонот
между нештото което е, и нештото което треба да биде,
притоа човекот избира и превзема одговорност. Од тие
причини практично е, се она, кое произлегува од
свободата. Во свободата, како избор на ценности човекот
се пројавува како личност.
Ја прашуваме Македонската општественост: Може ли некој
во РМ да претендира дека е свободен и дека е личност,
ако сака да ја легализира сопствената денационализација
и србо-комунистическото робство?
Да се биде свободен и да се биде личност беше мотивот на
основателите на здружението. Од тие причини секаков опит
за поинакво претставуване на здружението ке биде разбран
како опит за поробување на нашиот дух, и никако поинаку.
Кога се зборува за традиција, тогаш се мисли на
определен ред или правило, влезено во битот на народот.
Затоа традицијата треба да се набљудува како едно од
вечните религиозни и онтолошки начела на човешкото
општество. Нормалното, здравото суштествуване и развитие
на општеството е невозможно без традицијата. Таа ја
подржува врската во времето, соединувајки ја иднината со
миналото. Таа има духовна длабочина, свртена е кон
древните извори на животот и сврзана е со неговите
корени. Тоа што било, не е помалку вечно од она што
претстои. Така што, секаков совет од типот, заборавете
го миналото или заборавете го вашето болгарско етническо
потекло, означува одрекуване од традицијата, одрекуване
од нашата култура. Бидејки, без традиција културата е
незамислива.
Ние, основателите на здружението го почитуваме
творечкото дело на нашите претци и создатели на нашата
култура.
Третата цел e:
Афирмација на идеите на Македонското освободително
движение.
ЗДРУЖЕНИЕТО СВОИТЕ ЦЕЛИ ГИ РЕАЛИЗИРА ПРЕКУ:
- Сопствена книгоиздателска дејност, издаване на
сопствен весник и сопствени електронски медии;
- Создаване на сопствени библиотеки;
- Организиране на конференции, семинари и трибуни со
учество на видни научни и културни дејци од земјата и
странство;
- Соработка на здружението со научни, културни и
образовни институции, со подобни здруженија и
организации од земјата и странство. |