ОТВОРЕНО ПИСМО

До Председателот на РМ
г-н Борис Трајковски
До Председателот на Хелсиншкиот комитет во РМ
г-н Мето Јовановски

Длабоко-почитуван г-н Трајковски,
Длабоко-почитуван г-н Јовановски,

Сдружението "РАДКО" е конституирано на Основачкото собрание во Охрид, на ден 24 Мај 2000 г.. Регистрацијата е запишана во Регистарот на сдруженија на граѓани и фондации, на ден 19 Јуни 2000 г., со Решение на Основниот суд-Охрид.
Основателите на сдружението за негово име го прифатија најчесто ползуваниот псевдоним на последниот водач на Македонското освободително движение, Иван Михаилов, "РАДКО".
Програмата на сдружението опваќа три основни цели:
- Издигнување и афирмација на Македонското културно пространство;
- Воспоставување на традиционните етични и човешки ценности;
- Афирмација на идеите на Македонското освободително движение.
Програмата ќе се реализира преку:
- Сопствена книгоиздателска дејност, издавање на сопствен весник и сопствени електронски медии;
- Создавање на сопствени библиотеки;
- Организирање на конференции, семинари и трибуни со участие на видни научни и културни дејци од земјата и странство;
- Соработка на сдружението со научни, културни и образовни институции, со слични сдруженија и организации од земјата и странство.
Промоцијата на сдружението се одржа во Хотелот "Holiday Inn" - Скопје.
На промоцијата се кажа дека мотивот на основателите за конституирање на сдружението беше општочовешки, односно да се биде свободен и да се биде личност, бидејки практично е сето она коешто произлегува од свободата, а во свободата како избор на ценности, човекот се пројавува како личност. Од друга страна, се кажа дека секаков опит за поинакво претставување на сдружението ќе биде разбран како опит за поробување на нашиот дух.
За да се разбере програмата на сдружението, се објасни политическата доктрина "МАКЕДОНИЗАМ", којашто за жал, се уште е официјална во научните кругови во државата. Накратко кажано, "МАКЕДОНИЗМОТ", историски погледнато, е лансиран од српскиот учен и политик Стојан Новакович, при крајот на XIX веk, а претставува стратегија којашто треба да ја практикува српската држава во своите хегемонистички стремежи во однос на Македонија. Според оваа стратегија, потребно е во прво време, на Болгатите од Македонија да им се "докаже" дека се различни од Болгарите од Мизија и Тракија. Кога ќе се "убедат" Болгарите од Македонија дека се посебен етнос, лесно би било тие, во втората фаза, да се "убедат" дека се "Јужни Срби", коишто говорат "аналитичен српски јазик", за разлика од официјалниот, регуларен и научно потварден, синтетички српски јазик. Како што е познато, оваа стратегија е неуспешна, се до нејзиното присилно спроведување, по Втората световна војна. Значи, ние, основателите на сдружението, јасно кажавме дека македонскиот етнос, историски погледнато, никогаш не суштествувал, туку таквиот етнос е измислен од српските властодржци во XIX век, со намера да се спроведе конечно и дефинитивно посарбување на Болгарите од Македонија.
Ваквото наше тврдење не значи дека членовите на сдружението "РАДКО" не го почитуваат достоинството и правото на самоопределување на оние граѓани на РМ, коишто себе си се сматаат за етнички "Македонци".
Понатаму, се кажа дека "МАКЕДОНИЗМОТ" како политическа доктрина, стана, покрај српска државна доктрина и комунистическа доктрина. Тоа се случи во 1934 г., кога на едно од заседанијата на Коминтерната е решено да му се довери на пољакот Валецки, кој го раководел Секретарјатот за Балканските држави, да подготви резолуција со која Болгарите од Македонија се прогласуваат за ткн. "Македонска нација". Резолуцијата на Коминтерната е публикувана во весникот "Македонско дело" во Април 1934 г.. Со преземањето на идејата за засебна национална индивидуалност на Болгарите од Македонија, од страна на Коминтерната и преку толкувањата на историјата по српски терк, во духот на Стојан Новакович, Коминтерната целосно се стави на страна на Србија во однос на македонското прашање. Од таквото решение на Коминтерната полза има КПЈ (Комунистическата партија на Југославија), којашто го прима решението за засебна "Македонска нација", како отворена врата за влегување на целокупна Македонија во рамките на Југославија. Од тие причини, Иван Михаилов, "МАКЕДОНИЗМОТ" го дефинира како имперјализам и шовинизам. Империјализмот се состои во тоа што за цел има заграбување и присвојување на теритирии от Болгарија и Грција, а шовинизмот се состои во тоа што за своја цел го има посарбувањето на Болгарите од Македонија. Ваквата монструозност, да се претставува како идеја на Гоце Делчев, Дамјан Груев, Христо Татарчев и плејадата "ИЛИНДЕНЦИ", е навистина плукање по нив. Историски гледано станува јасно што беше таканаречената НОБ во Македонија (темповци), и таканаречената круна на НОБ, АСНОМ. За АСНОМ во Енциклопедијата издадена од ПРОСВЕТА – Белград од 1967 г. е напишано : "Во Манастирот Св. Прохор Пчински е одржано заседанието на АСНОМ во 1944 г., на кое се прифатени решенијата на АВНОЈ". Исто така, историски е познато дека на двете заседанија на АВНОЈ никој од Македонија не учествувал. Тоа значи дека се донесени решенија зад грбот на народот од Македонија.
Уште првите реакции, при најавата на промоцијата, коишто се интензивираа веднаш по нејзиното одржување, недвојбено сведочат дека Македонската општественост не е подготвена за плуралистичко општество. Таа засега не е во состојба да прифати едно поинакво становиште од официјалната интерпретација за историскиата идентичност на славјанското население од Македонија. Можеби и може да се разбере реакцијата на обичните граѓани, пред се, поради нивната неинформираност и континуирана индоктринираност. Меѓутоа, зачудува однесувањето на видните македонски учени и неприкосновени теоретици на "МАКЕДОНИЗМОТ". Тие со тоа уште еднаш го поткрепија тврдењето на реномираниот австриски учен и професор, д-р Ото Кронштајнер:
На борбата на учените и студентите од другите земји за духовна и интелектуална свобода, Вие се противставувате со една бесмислена и анахрона идеологија, која настојувате да ја "зациментирате" со псевдонаучни средства...
Ние нема да престанеме неуморно да го разобличуваме тоа репресивно поведение, таа концепција лишена од елементарна научна заснованост на историјата…
Ние искрено и посакуваме на македонската младеж да живее во духовна свобода, без манипулации на нејзините учители…
(Цитатите се фрагменти од ОТВОРЕНОТО ПИСМО на д-р Кронштајнер, адресирано до МАНУ, Ректорот на скопскиот универзитет и до Деканот на Филолошкиот факултет при скопскиот универзитет).
След елаборацијата на нашите видувања за македонската дејствителност, коишто се вткаени како база на програмата на сдружението "РАДКО", коешто е конституирано и регистрирано врз основа на Македонскиот правен поредок и стандардите на меѓународното право, Ве информираме за мотивите коишто не натераа да Ви обрниме внимание на следното:
1. Пројавената хистерија во медиите, наведува на сомнение дека македонската општественост психолошки се подготвува за иден, нов геноцид на граѓаните на РМ, коишто го негуваат сознанието за сопственото болгарско етничко потекло.
Да потсетиме: по Втората световна војна, секој што беше под сомнение, дури и неосновано, дека би можел идејно да се противстави на психоцидниот процес на деболгаризација на Македонија, беше подведен на физичка репресија и ликвидација. Тогаш беа убиени 23.000 луѓе, 130.000 луѓе беа осудени на долгогодишна робија и 300.000 луѓе беа идеолошки малтретирани.
Според Конвенцијата за проследување и казнување на спроводителите на геноцид, од 09.12.1948 г. во член 2 стои:
"Во оваа конвенција под геноцид се разбираат следните дејствија извршени со намера да се уништи, целосно или делумно, која и да е национална, етничка, расова или религиозна група, како таква:
а) убиство на членови на таква група;
б) причинување на сериозни телесни повреди или на умствено растројство на членови на таква група;
в) смислено создавање во која било таква група, такви животни условија, коишто се пресметани за целосно или делумно нејзино физическо уништување".
Согласно цитираната меѓународна Конвенција, а имајќи ги во предвид погоре наведените бројки на, по различен начин репресирани и ликвидирани луѓе, евидентно е дека бил изваршен класичен геноцид. Поради оправдување за сторениот геницид, сите жртви беа етикетирани како: фашисти, големоболгари, терористи.
2. Дали не забележувате дека во сознанието на македонската општественост перманентно се идентификуваат поимите: Болгарин=фашист.
3. Сето досега изложено, јасно упатува на сознанието дека Вие, како најповикан за тоа, треба категорично да се заложите за заштита на македонскиот правен поредок и развојот на демократските процеси во нашата држава.
Охрид, 22.11. 2000 г.

Со почит,
Владимир Паунковски – Владимир Панков